ноември 22, 2024

Не може Владата да ги замрзне сите цени и да ги држи неограничено долго, ние сепак сме општество во кое владее пазарот, за одреден краток период за да се надминат некои проблеми е ок, но не може тоа вечно да трае, изјави претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, во вечерашната дебата на 24 Анализа.

-Некој ќе праша: ја намаливте цената на лебот, но не лековите, а што со струјата.. Ако така тргнеме ќе се вратиме во социјализам. Државата не може се да контролира. На краток рок ова е добро решение, но на долг рок за Владата е побезбелно решение да им исплати по 2.000 денари на загрозените категории на граѓани, оние со најниски примања и социјалните случаи, тоа помалку ќе ја кошта отколку вака да се расправа со цело стопанство – рече Димитров.
Фокус

The post Димитров: Подобро по 2.000 денари да им даваме на сиромашните, отколку да се замрзнува цената на лебот appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK