ноември 23, 2024

Поранешниот југословенски фудбалер  Драган Џаиќ, кој најголем дел од својот живот го помина во дресот на Црвена Звезда, денеска беше избран за нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).

Присутните 78 делегати, му дадоа доверба на Џаиќ да го води ФСС во следните четири години.

„Чест ми е што ја добивам оваа шанса да го водам српскиот фудбал. Го прифатив предизвикот затоа што сметам дека со моето искуство и знаење ќе можам да помогнам. Мислам дека заедно ќе го кренеме српскиот фудбал на повисоко ниво“, кажа Џаиќ.

 


The post Драган Џаиќ избран за нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK