За првпат во скопската Зоолошка градина се родија бебиња пингвини и тоа вкупно четири. Како што информираат од Градината бебињата дошле на свет на почетокот на јануари од два пара родители, кои целиот изминат период грижливо ги негувале.
– Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица. За да ја доживеете и вие магијата на напредокот и растењето на пингвинчињата во изминатите два месеци, за вас подготвивме видео каде што се прикажани најемотивните моменти од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес – велат од ЗОО Скопје.
Следете не, не има насекаде