Овен
Секој предизвик со кој ќе се соочите денес во исто време ќе ве поттикне да завршите се што сте започнале. Љубов: доколку сте во врска, вашата врска со саканата личност ќе зрачи со нежност и топлина. Работа: не се откажувајте од долгорочните планови. Здравје: забавувајте се и опуштете се.
Бик
Самоиницијативно ќе помогнете некому и не се обесхрабрувајте од неблагодарноста на таа личност. Љубов: во првиот дел од денот ќе биде поволен за љубов. Работа: бидете исклучително одговорни и професионални денес. Здравје: посетете стоматолог.
Близнаци
Ќе поминувате квалитетно време со семејството, но ќе има нешто во вас што ве мачи и ви недостасува. Љубов: хедонист сте во се, па и во љубовта, но денес нема да бидете расположени. Работа: ќе го решите проблемот со одредено застој. Здравје: слаб имунитет.
Рак
Тајни состаноци или тајни приказни но внимавајте кому му верувате и што зборувате некои работи треба да се чуваат за себе. Љубов: можеби некој отворено ви се додворува. Работа: квалитетен ден за сите оние кои се заљубени во својата работа. Здравје: главно добро.
Лав
Имате способност да блеснете. Некои од припадниците на знакот би можеле да добијат пофалба која многу ќе им значи. Љубов: страсна авантура поврзана со бизнисот. Работа: можност за напредување Здравје: проблеми со ‘рбетот и коските воопшто.
Девица
Обидете се да ги отфрлите негативните мисли за да не го расипете расположението за себе и за луѓето околу вас. Љубов: негативна атмосфера во партнерските односи. Работа: немате прекумерна волја за работа. Здравје: бидете внимателни кога ракувате со остри предмети.
Вага
Без разлика дали се работи за романтична или деловна врска, денес останете смирени и не дозволувајте некој да ве притисне. Љубов: се двоумите за некои ситуации. Време е да донесете одлука. Работа: можна нова соработка. Здравје: нервоза.
Шкорпија
Вашите мисли се премногу во минатото. Можеби повторно ќе се грижите за некои грешки што сте ги направиле, а кои се предоцна за да се поправат. Љубов: вашата љубов или врска ќе бидат сериозно тестирани. Работа: ако досегашното искуство дало резултати, не менувајте ништо во работата, дури и ако некој ве поттикнува на тоа. Здравје: земете повеќе течности и витамини.
Стрелец
Вие најдобро знаете што е добро за вас, а што е штетно. Вистинско време е да ги оставите вашите стравови настрана и да го следите патот на разумот. Љубов: притисокот што го чувствувате може да му наштети на вашата врска со партнерот. Работа: интересен ден на работа. Здравје: зголемена нервоза.
Јарец
Ако финансиите ви се проблем, размислете да трошите помалку пари на работи што не ви се потребни. Љубов: чувствувате дека партнерот не ве разбира или дека вашето мислење не му е важно. Работа: ако воопшто е можно, одморете се денес или правете го само она што е потребно. Здравје: проблеми со бубрезите кај постарите лица.
Водолија
Намалете ја тензијата, бидете личноста која ќе ја смири ситуацијата, но не се откажувајте од вашите цели кои сте ги поставиле. Љубов: не сте доволно спонтани и тоа е видливо за оние кои гледаат од страна. Работа: подготвени сте сериозно да работите на некои нови работи. Здравје: ви пречат цигарите и затворените простории.
Риби
Непромислените потези можат да ве доведат во многу лоша позиција. Ќе бидете склони кон екскурзии и авантури. Љубов: признајте си ако не сте подготвени за нешто сериозно. Работа: нервозата на работа може да доведе до конфликт, особено со постар колега. Здравје: проблеми со стомакот.
The post Хороскоп за 15 март: можност за унапредување на работа за лавот, флерт за ракот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде