Амазонската манекенка Чарли Мил (27) е висока 195 сантиметри и вели дека моментално не ја интересираат мажите бидејќи не може да најде некој кој не се плаши од нејзината висина.
Таа додала дека не и пречи ако некој е понизок од неа бидејќи е свесна за нејзината висина и знае дека ќе биде тешко да најде некој повисок од неа.
„Не би ми пречело да бидат повисоки или пониски. Мислам дека висината не те дефинира како личност. Повеќе се работи за личноста и почитта – тоа се многу важни атрибути“, вели Чарли, која воедно е и водителка на Бабестејшн.
Признава и дека често добива негативни коментари на интернет.
„Не одговарам на нивните коментари, тоа е најдобар начин да не им обрнувам внимание. Луѓе кои знаат само да ги понижуваат другите на интернет, тие се само воини на тастатурата и сакаат внимание. Ако не поминувате време со нив, тие се чувствуваат глупаво“, вели Чарли и додава дека ретко кој и приоѓа во јавност.
„Имам личен чувар кој излегува со мене кога сум во јавност за да ги држи луѓето подалеку од мене“, рекла таа, пренесува Дејли Стар.
The post Манекенка висока 195 сантимери од Амазон, се жали дека не може да си најде дечко поради висината appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде