октомври 6, 2024

Британскиот Крал Чарлс го прогласи гитаристот Брајан Меј за витез. Прогласувањето се случи на официјална церемонија во Бакингемската палата. Гитаристот на познатата група „Квин“ му се заблагодари на „Инстаграм“.

„Останав без зборови“, напиша Меј кој отсекога ќе биде познат како Сер Брајан Меј.

Меј ја основаше групата „Квин“, а наградата ја доби за придонес во музиката и хуманитарната работа.

„Можеби сега повеќе луѓе ќе слушнат што имам да кажам од порано, кога ќе кажам сер Брајан Меј е на телефон“, се пошегува гитаристот во разговор со новинарите на агенцијата „Асошиетед Прес“.

За потсетување, Меј во 2002 година, по повод 50 годишнината од владеењето на кралицата Елизабета, ја отсвири химната „Господ спаси ја кралицата“, на покривот на Бакингемската палата, а настапи и во 2022 година по повод 70 годишнината од нејзиното владеење.

Рече дека неговата сопруга Анита Добсон со нетрпение ја очекувала титулата витез.

„Водушевена е и пресреќна поради тоа. Лејди Анита ќе ужива и е возбудена што можам да и го пренесам витештвото на некој начин. Тоа ме прави горд што ја имам честа да бидам покрај неа, затоа што без неа, немаше денес да бидам тоа што сум“, рече Меј, кој со Анита е во брак 22 години.

 

The post Кралот Чарлс го прогласи гитаристот Брајан Меј за витез appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK