октомври 7, 2024

Моментално е време на Велигденски пост, кој со себе може да донесе некои предизвици во поглед на храната.

Некогаш можеби нема да имате инспирација што да подготвите, иако посната храна е многу разновидна, а некогаш ќе ви падне на памет некое масно јадење кое го обожувате.
Ако сте љубител на сармата и мислите дека посната верзија никако не може да биде вкусна, овој рецепт ќе ви го докаже спротивното.

Состојки:

20 листови кисела зелка;500 гр. шампињони;200 гр. ориз;5 главици кромид;моркови;масло;бибер;сол.

Подготовка:
Прво пропржете го кромидот, па додадете ги морковите. Кога ќе бидат готови, во нив додадете ги печурките.
Откако и тие ќе се запржат, додадете го измиениот ориз и пропржете.
Потоа завиткајте ги сармите со добиениот фил, наредете ги во тенџере и ставете им вода преку нив.
Варете на тивок оган.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK