Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата трае до денеска, 15-ти март.
Доколку нема вонредни одлуки, зимската опрема повеќе нема да биде задолжителна, и нема потреба да се носат зимски ланци во возилата.
Обврската стапи на сила на 15 Ноември минатата година. Казните за не-поседување на зимска опрема изнесуваат 45 евра, односно регистрирање на 25 негативни поени.