ноември 21, 2024

Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години го признале убиството на 12-годишната Луиз, која во неделата беше пронајдена мртва во близина на нејзиниот дом во сојузната покраина Порајнје-Фалачка, соопшти во вторникот полицијата.

По првото испрашување девојките дадоа спротивставени изјави, а по второто испрашување го признаа делото, изјави портпаролот на полицијата во Кобленц.

Убиството на 12-годишната Луиз ја шокираше Европа. Ја убиле две девојчиња, пронајдена е покрај железнички тунел

Засега ништо не се знае за мотивот на ова злосторство, а се трага и по ножот со кој наводно е извршено убиството.

Државниот обвинител Марио Манвејлер објасни дека двете девојчиња не се кривично одговорни поради нивната возраст.

„Ова не значи дека ништо нема да им се случи. Тие се во рацете на центарот за грижа за младите“, рече Манвејлер.

Државниот правобранител рече дека се работи за „посебен кривично дело“.

Дванаесетгодишната Луиз беше пронајдена во неделата наутро во близина на нејзиниот дом на самата граница меѓу сојузните покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, на запад од Германија. Домот на убиената се наоѓа во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Најпрво се сомневаше за сексуален престап, но обдукцијата не ги потврди овие сомнежи.

Луиз исчезна во саботата додека одеше дома од куќата на пријател. Била пријавена за исчезната бидејќи не дошла дома, а не се јавила ниту на својот мобилен телефон. Беше започната потрага во која учествуваа поголем број полициски службеници.

Нејзиното тело беше пронајдено во неделата во близина на железничкиот тунел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK