ноември 23, 2024

ВМРО-Народна партија ја коментираше изјавата на директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ, кој вчера изјави дека во затворите во Северна Македонија во моментот отслужуваат казна 2.260 осуденици дури 160 затвореници повеќе отколку што има кревети.

Партијата нагласува дека има затвореници кои допрва треба да ја отслужат својата казна, a притоа во затворите затворениците спијат дури и по ходниците.
Со ваквата фактичка состојба се обновува иницијативата која се практикуваше до пред 15 год во Северна Македонија за можност на откуп на затворската казна по цена определена од државата до една година. Со оваа мерка не само што Северна Македонија како држава ќе заштеди туку и многу повеќе ќе им помогне на осудениците во нивното општествено и социјално адаптирање.

Во таа насока сакаме да спомнеме и дека оваа мерка масовно се применува во Европа, а во Босна и Херцеговина пак се оди до степен да ваквата опција им е овозможена и на воените злосторници, стои во соопштението од партијата на Љубчо Георгиевски.

The post Казната затвор до една година да може да се плати со пари, бидеќи нема повеќе место во затворите- Бара ВМРО НП appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK