ноември 23, 2024

„Хибридните напади се со цел да се предизвика паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани“.

СЛАВЈАНКА: Хибридните напади се со цел да се предизвика паѓање на Владите

Ова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Според неа, очигледно е дека напаѓачот не сака да имаме стабилен и мирен Балкан.

„Најчесто целта на хибридните војни или сајбер напади е практично да дојде до пореметување на општественото живеење што впрочем и се случува кога има зачестени напади. Се повеќе и повеќе кога се создава задоволство во едно општество се надополнува со незадоволство на друга сфера. Целта е да се предизвика, најчесто тоа е, паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани“, вели Петровска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK