ноември 23, 2024

Поранешниот армиски хирург кој го откри прикривањето на епидемијата на САРС во 2003 година, Џијанг Јанјонг, почина на 91 годишна возраст. Починал во саботата во Пекинг од пневмонија, соопштија неговите семејни пријатели и медиуми во Хонг Конг.

Џијанг беше јавно пофален затоа што спаси голем број животи, откако го објави писмото на почетокот на кризата со САРС, во кое објави како официјални лица во земјата ја довеле јавноста во заблуда.

Беше осуден и сместен во домашен притвор поради неговата непоколеблива отвореност. За потсетување, во 2003 година, САРС зарази повеќе од 8.000 луѓе ширум светот. Од нив 774 починаа, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

The post Почина кинескиот доктор кој го разоткри прикривањето на епидемијата на САРС appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK