мај 12, 2026

Актерот и режисер Коле Ангеловски наполни 80 години. Роденденска седенка за роденденот на Коле, му направија колегите од Драмскиот театар.

Со две торти, на една од нив роденденски свеќи и кетегинг, повозрасните актери на Драмски го прославија јубилејниот роденденот на нивниот колега.

Од Драмски објавија фотографии од роденденската забава, и напишаа „дел од синоќешната забава по повод 80-тиот роденден на Коле Ангеловски во Драмски“.


Коле Ангеловски е
македонски театарски и филмски актер, режисер, сценарист, како пистаел и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. Добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.Еден од напознатите негови режирани филмови е култниот „Викенд на мртовци“, како и сериите„Солунски патрдии“ и „Балкан бенд“.

The post Коле Ангеловски дуваше свеќи за 80. роденден во Драмски: роденденска седенка со колегите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK