мај 12, 2026

Еден од најзодните актери на денешницата, Остин Батлер (31) е снимен на забавата по доделувањето на Оскарите како разговара со Шерон Стоун.

Остин беше номиниран во категоријата главна машка улога за улогата на на кралот на рокенролот Елвис Присли во филмот „Елвис“.

Додека стоеле надвор од местото каде што се одржувала забавата на „Ванити фер“, Остин во раката го имал мобилниот на актерката и како да го запишувал својот број, пишува “Дејли меил“

Остин и Шерон разговарале, а во еден момент покрај нив поминала поранешната девојка на актерот, Ванеса Хаџинс.

Ванеса кратко погледната во Остин пред тој да погледне во својот телефон и избегнувала каков било контакт со очите со него додека одела пред него за да стаса до автомобилот.

Девојката на Остин, топмоделот Каја Гербер, била видена како излегува со својата пријателка неколку минути подоцна. Инаку, Каја и Остин беа заедно на забавата на „Ванити фер“, која секоја година се одржува по церемонијата на доделувањето на Оскарите. Нив двајца ги нарекуваат совршена двојка.

The post (Видео) Остин Батлер разменува броеви со Шерон Стоун, а бившата избегна да го погледне appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK