мај 12, 2026

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон утре ќе ја посети Србија, при што со највисоките државни претставници ќе разговара за соработката во областа на миграцијата и управувањето со границите, јави Бета. 

Како што е најавено, разговорите ќе бидат фокусирани на зајакнување на управувањето со границите, процедурите за азил, поддршка на капацитетите за прифаќање, борба против криумчарењето бегалци, подобрување и обезбедување поддршка за враќање и реадмисија и усогласување на визната политика на Србија со политиката на ЕУ. 

Комесарката ќе оди и на српско-унгарската граница со министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и извршниот директор на Фронтекс, Ханс Лајтенс. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK