ноември 21, 2024

– Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, по апсењето на 25-те лица осомничени за планирање државен удар, денеска истакна дека десничарскиот заговор покажува колкава закана претставуваат „Граѓаните на Рајхот“, кои го негираат постоењето на модерна германска држава.

-Истрагата дава увид во бездната на десницата и колкава закана претставува групата „Граѓаните на Рајхот““, објасни министерката.

Таа посочи дека властите преземаат мерки против секој кој се обидува да го загрози владеењето на правото.

-Ќе продолжиме со таа доследна борба, нагласи таа.

Фезер додаде дека откриената терористичка мрежа, според досегашната истрага, била водена од „насилни фантазии за рушење на државата и конспиративни идеологии“.

-Владеењето на правото, рече таа, знае како да се одбрани од „непријателите на демократијата“. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK