ноември 21, 2024

Не доаѓа време да напишам некоја стручна колумна посветена на безбројните проблеми во Македонија која би зборувала за можните решенија или пак за современите политичко-безбедносни, економско-социјални или други предизвици на геополитичката сцена. Прашања со кои се занимаваат моите колеги од регионот, давајќи свој научен, но пред се општествен придонес за своите земји.

АНДОНОВ: Контаминирана земја (или за уништувањето – контаминацијата на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Мицкоски)

Но, нивните земји не се контаминирани како нашата Македонија. Нив не ги контаминираат неодговорни лица кои мислат дека се политичари и за такви се претставуваат, згора на се мислејќи дека нивниот микросвет надополнет со загадени ограничени мисли е тоа што треба да ни го наметнат на сите нас во Македонија. И уште ние треба да веруваме на нивните загадувачки квази идеи и политикантски цели.

Ете затоа, на моја голема жалост, а верувам и на ваша, повторно мора да пишувам и анализирам за однесувањето на архи политикантот (кој го замени архи измамникот Заев) Мицкоски. И не е некоја анализа, повеќе би рекол преповторување на тоа што веќе три години го глаголам во моите колумни за политикантските капацитети, визии и тенденции на Мицкоски. Капацитети кои го претворија нашето ВМРО-ДПМНЕ во изветвена ф’ста, кирјосана од нечистотиите на општествените процеси проектирани од оксиморонот Заев. Реалност каллива (би рекол фекална) која сеуште благодарение на Мицкоски трае и трае и трае, а во која си уживаат СДС криминално и Мицкоски со неговите партиски полтрони и клиентелисти.

Кажав, реков и не пореков. Мицкоски намерно (а помалку и поради лична глупост) и тоа поради лакомост – лукративност го урива ВМРО-ДПМНЕ. Новиот „квлитет“, осмислен од неговите финансиски ментори, е создавање внатрепартиски раздор, како пократок пат до уништување и дефакторизирање на партијата. Омено, уривајќи ја партијата идеолошки, организационо, кадровско, политичко-прагматично промовирајќи концепт на „затворен ум“, но најмизерно, повикувајќи се на внатре-партиска „монолитност“ создава раздор токму во партијата. Тоа го прави многу посветено, секојдневно, со секој збор искажан во јавноста, со секое интервју, секојдневна изјава потребна или не, ФБ пост или коментар, средба или состанок, воопшто со неговото појавување било каде. За него монолитноста е само и исклучиво полтронското однесување на клиентелистите и полтроните кон него и го користи за да ја загади – контаминира партијата уште повеќе до степен на неможност за нејзин опстанок.

Немам намера постојано, станува тривијално да зборувам за лицето под маска и неделата на Мицкоски кон нашата партија, но како што одамна констатирам дека основната негова цел е да го уништи ВМРО-ДПМНЕ и тоа го прави упорно и безобразно, претворајќи ја партијата во КонЗ. На тој начин опоравувањето или „деконтаминацијата“ на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја спроведе „Фракцијата за демократизација и ревитализација на партијата“ ќе треба да биде брза и темелна. Темелна, пред се во попречување на штетите од инфантилните процеси, кои ги проектираше Мицкоски, а потоа анулирање на штетите создадени од „генијалецот“ Мицика. Пред се, да го сочувам нивото на професорската концизност и конкретност, низ два аспекти би ја детектирал методологијата на контамин ирање на ВМРО-ДПМНЕ. Начин како Мицкоски „успеа“ да ја обезличи партијата до ниво истолично со криминогената СДС. Низ фантазмагорични слики на „патриот“ и цврст „лидер“, па дури и мудрец кој трча по телевизиите за да го видат дома колку е „паметен“.

Најпрво, ја бетонираше политичката позиција на ВМРО-ДПМНЕ во однос на претстојните уставни измени, а реков дека во политиката не постојат бетонирани позиции, особено доколку многу работи поврзани со нивно спроведување и крајни цели не зависат од партијата, па дури ниту од македонската политичка сцена. Таквото „бетонирање“ изречено од Мицкоски на брза рака како и вообичаено, предизвика последователни проблеми пред се за партијата. Проблемите ќе продолжат најмногу де-факторизирајќи ја партијата на внатрешната политичка сцена, односно пред нашите членови и симпатизери, а потоа и во однос на покажувањето капацитет за креирање на сериозна политика и уште повеќе за нејзино прагматично спроведување во интерес на Македонија.

Е сега, кога веќе Мицкоски најави дека е подготвен да поддржи уставни измени, секако одкако ќе добие „гаранции“, ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да направи дополнителни напори да ги убеди токму истите оние членови, симпатизери и воопшто македонските граѓани кои ги убедуваше во непокебливоста и исправноста на одлуките-политичките глупирања на Мицкоски, дека токму сега постапува исправно, а тоа претходното не е важно.

Проблемот за ВМРО-ДПМНЕ, токму за партијата, ве молам да внимавате на тоа, повторувам, проблемот за ВМРО-ДПМНЕ, не за Мицкоски не е само последното нагло политикантско свртување во спротивна насока од доколку до вчера „цврсто“ бранетите политички ставови (оние де што ги нема), туку и претходните свртувања од сите оние политикантски „ставови“ кои досега цврсто ги бранеше, а потоа ги напушти. Се сеќавате драги мои сограѓани, посебно да ве потсетам вас моите сопартијци, како Мицкоски не бранеше од Преспанскиот договор, како беше против пописот за што ви пишував објаснувајќи ви ја потребата да се попишеме масовно, како не умееше да формира влада 2020 година по предвремените парламентарни избори, се сеќавате ли?

Тешко ми е драги мои постојано да се навраќам на одлукуте, политичките глупирања на Мицкоски и да ги објаснувам-коментирам неговите политикантски будалаштини кои потполно го контаминираа ВМРО-ДПМНЕ и целиот опозициски простор за делување. Не ми е тешко драги мои да ги нотирам тие политикантски будалаштини на Мицкоски, но особено е тешко постојано да се обидувам да ви објаснувам и со факти покажувам дека овој човек кој себеси се нарекува претседател на ВМРО-ДПМНЕ, намерно и безобразно ја уништува ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму, додека темелно ја уништува партијата, Мицкоски со полна уста зборува за „обединување“ во партијата кое го разбира како безпоговорна послушност кон него и неговите погубни политики. Оваа патологија е изразена до степен на себе замислување како единствен кој е повикан да одлучува и за законодавната и за извршната и за судската власт или три во едно (како троглава аждаја), што јас би го нарекол „царизам“ (да не употребам апсолутизам). Од еден претендент (повторувам само претендент без реални шанси да биде) за премиер која позиција е во доменот на извршната власт, се замеша во работата на судската власт и тоа по прашање на пресудите и потерниците за Груевски. Точно, намерно избрано време и место (медиум) каде тоа треба да се тресне и да се направи потполн хаос помеѓу членството. Овој однос на царизам веќе го видовме кај Заев.Осудени за кривични дела, не врз основ на битието на кривичното дело, туку по основ битието на Заев и неговите фрустрации, кривични дела тероризам кога станува збор за протест или Злоупотреба на службена положба без утврдена штета на државата или добивка на субјектот. Резултатот од тоа политикантство се судските одлуки според кои голем број луѓе (кои еднаш ги нареков „клетници“ кои беа изманипулирани, а истите се страдалници) се осудени според личната желба на Заев. За волја на вистината нит Ковачевски се обиде да ја промени оваа состојба, рак рана, на Македонија, токму спротивно, очигледно му одговара да има свои постојани клиентелисти и полтрони кои постојано ќе го фалат (како нивен херој нели).

Згора на се, со овој настап Мицкоски промовира апсолутизам не само во партијата туку и во државата, односно дека кога би (а никогаш нема) дошол на власт да биде премиер, тој ќе суди, гони, затвара и господари над нашите животи. Всушност пораката не е демократска со цел владеење на правото и спроведување на законите засновано врз поделба на власта на законодавна, извршна и потполно независната од овие две судската, туку матрицата на Мицкоски е полоша од онаа на Заев поради кого луѓе лежат по седумнаесет години затвор, затоа што токму се вршеше притисок на судството од страна на Заев и СДС кое се претставува за демократска партија, а всушност е коруптивно-криминално и манипулантско лажливо друштво. Друштво кое дури и потпишувањето на договорот за ФРОНТЕХ на македонски јазик го злоупотребува за своја политичка промоција, а прашањето е многу едноставно: „А на кој друг јазик освен македонскиот, Македонија може да потпишува меѓународни договори“? Секако на англиски јазик и јазикот на другата – другите страни во договорот, но кога Македонија е страна потписничка тогаш договорот се потпишува и на македонски јазик. Или, треба да се чудиме и крстиме на ПР фалбата на СДС, дека Ковачевски на македонски јазик го прочитал Символот на верата во Цариградската Патријаршија. А на кој јазик требаше да го прочита, кога Господ се слави на сите јазици? Глупав ПР на неспособната и лажлива власт на СДС криминално кое по петти пат започнува со свечена изградба на пругата Куманово-Крива Паланка-Бугарија. Кон оваа лажлива политичка матрица припаѓа и Мицксоки, тоа е потполно јасно од недоветната политика која ја „промовира“ и политикантската практика која ја спроведува.

Е тоа се сликите кои за себе во јавноста ни ги испраќа Мицкоски и пораките со кои ни кажува на кое дереџе е ВМРО-ДПМНЕ по прашање на идеологијата и принципите на демократијата и тоа не само внатре-партиски, туку и на општествено-социјално ниво, а верувајте и особено во односите со меѓународните партнери. Тоа што со ПР сликички на ФБ се обидува да покаже дека комуницира со меѓународни претставници во Македонија е само обид за уште една измама повеќе кон сопственото членство пред се, но и кон сите граѓани. Во врска со таа комуникација и нејзините цели, детали друг пат.

Важно е на сите да ни биде јасно дека Мицксоки има задача да го уништи ВМРО-ДПМНЕ и таа задача секојдневно и темелно ја извршува. Не е важно дали ќе мислите дека е глуп на куб, недоветен, излажан или платен. Важно е дека со секој ден останувајќи на чело на ВМРО-ДПМНЕ успешно ја остварува задачата да го уништи ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку сакаме како членови на партијата да го спречиме уништувањето на ВМРО-ДПМНЕ потребно е веднаш без одлагање да се придружите отворено и без страв од уништувачкиот Мицкоски кон партиската Фракција која ја предводам и да предизвикаме оставка на Мицксоки и демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе ја вратиме партијата на власт како демократска, про-европска современа партија. Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ е всушност обединувачката сила на партијата, а не Мицкоски со неговата лажна „монолитност“ и божем обединување. Обединувањето не бара монолитност на размислувањето, идеите и отворениот ум, туку бара исклучиво демократска согласност во партијата по прашањето за тоа дека треба да се урне СДС од власт, а ВМРО да се демократизира и ревитализира.

Одлуката е наша, чекањето и немањето кураж нема да не амнестира од личната одговорност кон самите себе, нашите семејства, партијата и Македонија. Само со одлучност, борба и кураж можеме да го извлечеме ВМРО-ДПМНЕ од контаминираната земја и да ја деконтаминираме партијата од лошите-ужасни политики на Мицкоски и нивните последици.

За крај, во однос на политиките на Мицкоски, познати во политичката теорија како „политика на слон во стаклара“, би го цитирал покојниот професор на белградскиот универзитет, д-р Војин Димитријевиќ: „Лесно е да се биде фанатик во одбрана на екстремностите, тешко е да се биде фанатик во толерантноста“:

На денот на Св.Пророк Осиј и Св.Андреј Критски

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK