мај 12, 2026

Го следам Артан Груби во Косовската телевизија “РТВ Дукаѓини” како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанцие итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува македонците како фобична нација , триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите).

Значи заменик премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците збори како да му се непријатели а не сограѓани.

Во вакви моменти Премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам а не привилегија дека е Премиер.

Македонија и официјално нема Премиер односно има “Британска Кралица” Премиер а де факто премиер е Артан Груби.

(фејсбук статус на Умејр Муамеди)

The post Муамеди: Го гледам Груби, на косовска телевизија збори за Македонците како да му се непријатели, па дека Македоците биле плашлива нација.. !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK