мај 12, 2026

Директорката на ЈОУДГ “Наша иднина” oд Прилеп, Христина Трпческа, на социјалните мрежи реагира за начинот на изведба, на се’ уште непуштената во употреба градинка во населбата “Точила” во Прилеп.

-Тој што работи, тој и греши. Не е тешко да се признае. Но, професионалец да ги правда своите грешки зад параванот на Правилник, е крајно несериозно. Претпоставувам и следната слика на тоалет за возрасни во еден се уште неотворен објект ќе Ви покаже какви стандарди и норми се ,,пропишани” во Правилникот… Фактите се следни: 1. Недостатоци има! 2. На Прилеп очајно му е потребна детска градинка – напиша Трпческа како реакција на пишувањата од Архитектот Јовески, кој истакна дека основниот проект за детската градинка е проектиран согласно законските регулативи и правилници.

Инаку, изградбата на градинката во Прилеп ја започна претходната локална власт на 2 април, 2021 и требаше да биде готова за 7 месеци.

The post Малите дечиња во Прилеп ќе може да се држат за рачиња додека ги извршуваат физиолошки потреби… appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK