мај 12, 2026

Јубилејот од 20 години од првата Модна недела одржана во Скопје, вчеравечер беше одбележан со гламурозна модна ревија во „Лимак“. На пистата како пред 20 години се појавија  Светлана и Мики Црнокрак, Сани Богдановска, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчрвска, Армандо Чаволи, Коки Лондза и многу други.

Манекенките беа испратени со аплаузи кои не пресануваа во текот на целиот настан од многубројната публика која ја исполни големата сала на хотелот, дојдени да просведочат на модниот настан.

Тогашната прва Модна недела во Скопје и оваа јубилејната беа во организација на Мики Црнокрак и Милорад Цајиќ со нивните агенции Модното студио Црнокрак и Кворум моделс.

На ревијата манекенките кои беа дел и од првата Модна недела во Скопје, носеа модели од „Фешн Груп“.

The post (Галерија) Најпознатите македонски манекенки од 90-тите повторно се вратија на модната писта appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK