ноември 22, 2024

Во улога на пазарни инспектори премиерот Ковачевски и министерот Бектеши излегоа да проверат дали тестенините, млекото и млечните производи од денеска се продаваат со намалени цени.

Откако ги провери сумите испишани на рафтовите, Ковачевски ја заврши и домашната обврска.

Си купи леб, макарони, млеко, урда, но и се заблажи. За разлика од него, министерот Бектеши маркетот го напушти со празни раце. Намалување на цените на овие производи има, потврдија надлежните.

И граѓаните велат, производите ги нашле по пониски цени. Но, сметаат дека тоа не е доволно. Поскапувањето беше големо и поевтинувањето треба да продолжи и во следните месеци.

Министерот Бектеши е убеден дека ќе има компании кои и повеќе ќе ги намалат цените. Повторно најави дека за оние кои ќе бидат поодговорни ќе следи награда.

„Јас сум убеден дека ќе има компании кои ќе ги намалат повеќе од оние проценти кои се во одлуката. До крајот на наредната недела ќе достави информација со детална анализа за секој производ и ќе се дизајнираат новите мерки во април. Мерки кон стопанството за оние сектори кои ќе покажат одговорност но и кон граѓаните“, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Пазарниот инспекторат, испрати 160 инспектори на терен. До сега неправилности нема. Предупредија дека сите кои ќе се обидат да ја прекршат одлуката со име јавно ќе бидат објавени.

„Апелирам како директор, имаа шест дена да се прилагодат на оваа одлука и затоа апелирам истото тоа да го направат, бидејќи санкциите се високи од 800 до 10.000 евра, а ние постапуваме по законите и без никаква селекција ќе биде вршен надзорот“, вели директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски.

Од денеска макароните и шпагетите поевтини за 15 отсто, млекото, јогуртот, киселото млеко, кашкавалот, сирењето и урдата, за 10 проценти.

Од следната недела ќе се одлучува дали ќе се направи истото и со цените на јајцата, шеќерот, оризот.

Одлуката за намалување и замрзнување на цените се донесе затоа што дел од прехранбените компании три месеци користеа субвенционирана струја, а за возврат или воопшто не ги намалија цените или поефтинувањето беше незначително.

Се одлучи евтината струја да се укине. Но, сè уште е неизвесно дали единствената казна за овие фирми ќе биде само укинувањето на субвенционираната струја. Ковачевски допрва ќе проверува дали законски постои можност и за други санкции.

The post Ковачевски и Бектеши ги проверија цените, јајцата сè уште одмрзнати appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK