ноември 22, 2024

Предвремени избори нема да има туку ќе се одржат во редовниот термин догодина, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара избори во мај или јуни без техничка Влада. Ковачевски кажа дека избори ќе има догодина, прво претседателски, а потоа и парламентарни.

„ВМРО-ДПМНЕ управува со 50 општини и треба да се фокусираат на работата на нивните градоначалници, кои гледаме дека ништо не работат. Токму затоа зборуваат само на тема избори. Однесувањето на Мицкоски ме потсетува на внук ми Никола, на кого му зборувам земи книгата и учи за да напредуваш, а тој ми вика купи ми плејстејшн. Што и да му кажам на внук ми, тој само плејстејшн бара. Така и Мицкоски наместо да се фати за работа бара избори“, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата по состанокот на Советот на социјална сигурност.

The post Ковачевски: Мицкоски бара избори како внук ми што бара плејстејшн appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK