Искушението на Деле Али продолжува, кариерата на некогаш еден од најперспективните играчи од средниот ред во Англија падна на неверојатно ниско ниво. Откако беше отпишан во Тотенхем, па во Евертон, среќата не ја најде ниту во Бешикташ.
Тој летово ги пропушти последните два натпревари на клубот во кој беше испратен од Евертон на позајмица, а од Турција пристигнуваат вести дека остатокот од сезоната ќе го следи од трибините.
Поранешниот англиски репрезентативец не успеа да го импресионира тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш, кој во јануари изјави дека Али не заслужува да игра.
„Сѐ уште го немаме Деле Али. Тој е под очекувањата“, изјави Гунеш, а зборовите ги потврди со тоа што го исклучи од тимот.
Од доаѓањето во Бешикташ, Деле Али одигра само 13 првенствени натпревари, само еден од првата до последната минута, во февруари никогаш не одигра повеќе од едно полувреме, додека во март не се најде ниту во записникот на ниеден меч. Тој постигна два првенствени гола за турскиот клуб, кои воедно беа и негови први откако играше за Тотенхем.
The post Ново понижување за Деле Али appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде