ноември 22, 2024

Состојки:
250 гр шеќер, 0,75 dl вода, 125 гр путер, 100 гр мелени ореви, 100 гр мелени бисквити, 80 гр чоколадо, 2 лажички мелено кафе.

Глазура:
200 гр чоколадо и 3 лажици масло.

Подготовка:

Постапката е иста како при подготовка на бајадера, се вари шеќерен сируп и малку вода, се варат три до четири минути.

Се трга од шпорет и се додава прво путерот, па се меша додека не се растопи.

Потоа додадете ги мелени ореви и бисквити, чоколадото и кафето и сето убаво измешајте.

Кога смесата ќе се олади, формирајте топчиња.

Добро изладете, па растопете ја чоколадната со малку масло. Потопете ги топчињата и ставете ги на фолија да се стврдне глазурата.

Готовите топчиња наредете ги во мали хартиени корпи.

Можете да притиснете чепкалка за заби во центарот на топчињата за да добиете изглед на зрно кафе или  декорирајте по желба.

The post Чоколадни бомбици со кафе – Reporter.mk appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK