декември 4, 2024

Речиси секој ден се регистрираат нови напади од улични кучиња низ скопските улици, а само за минатата година градот Скопје исплатил 10 милиони денари како отштета на граѓани кои биле каснати.

МОЖНО ЛИ Е И ОВА ДА СЕ СЛУЧУВА? Камиони од други градови оставаат кучиња во Скопје

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски за „Студио 10“ вели дека Министерството за внатрешни работи (МВР) мора да ги засили контролите, затоа што намерно се носеле кучиња во главниот град на Македонија.

– Сè почести се нападите од улични кучиња во Скопје. Камиони од други градови оставаат кучиња во метрополата, МВР мора да ги засили контролите, вели Трајановски за „Студио 10“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK