ноември 23, 2024

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски денеска излезе со официјални детали за синоќешната голема полициска акција во која беа уапсени дилери на дрога, меѓу кои и една наставничка од основно училиште во Скопје.

ПРЕКУ ДЕН НАСТАВНИЧКА, НАВЕЧЕР ДИЛЕР НА ДРОГА | СЛУЧАЈОТ ДОБИВА НА ИНТЕРЕС

-Вчера екипи на МВР извршија претреси на седум локации во скопје, при што приведени се 5 лица, пронајдена е лабораторија за производство на дрога, како и дрога вредна скоро половина милион евра, доколку биде продавана преку уличните дилери. Пронајдени се околу 7 килограми амфетамин, еден килограм кокаин, 22 килограми марихуана, автоматска пушка калашников, куршуми, рамки за пиштоли и автоматска пушка како и списоци од лица кои купувале дрога и должеле за наплата на дрогата. Приведените лица имале изнајмени станови во центарот на Скопје, како и населбата Ѓорче Петров и сите се од главниот град, рече Ангеловски.

Тој потврди дека една од приведените е наставничка во основно училиште.

-Продавала надвор од работното време, информира портпаролот на МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK