ноември 22, 2024

Тиквешки семејни винари, веќе не треба да е само тиквешки туку и македонски, затоа што тука се изложувачи производители од целата држава, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешниот предновогодишен вински салон на мали тиквешки семејни винарии во Кавадарци.

Тој изрази задоволство што „Тиквешки семејни винари” склучи договор со „Вина од Македонија”.

– Првпат имаме програма за поддршка на малите семејни винарии и доделени се 59 грантови од 10 илјади евра. Оваа програма ќе ја има и следната 2023 година. Обезбедени се 70 милиони денари за малите производители на вино, на храна и на дестилерии. Чекајте ја новата програма во јануари за малите стартап семејни винарии со грант од 10 илјади евра, рече министерот Николовски.

Тој посочи дека првпат новата програма ќе има за мали производители на храна од животинско и неживотинско потекло со грант од 10 илјади евра, а исто толку пари како грант се предвидени и за мали стартап дестилерии.

– Ова е богатството на нашата земја. Тука е нашата предност. Заедно ќе ја развиваме винската култура

Тој посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година поддржало 70 манифестации, локални и со меѓународен карактер и сите добиле финансиска поддршка, вклучително и денешниот настан во Кавадарци.

Министерот Николовски рече дека поддршката на манифестациите ќе продолжи и следната година.

Инаку, на винскиот салон присуствуваа над 35 мали винарии, а посетителите имаа можност да се запознаат и дегустираат над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од четири производители.

Организаторите на винскиот салон истакнаа дека целта на настанот е да ги поттикнат Македонците да купуваат производи од малите винарии.

The post Николовски: Првпат имаме програма за поддршка на мали семејни винарии, доделивме 59 грантови appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK