ноември 22, 2024

Кфор претходно денеска објави дека го разгледува барањето на Владата на Србија за враќање на до 1.000 припадници на српската војска и полиција на Косово.

Мировната мисија на Косово предводена од НАТО ( Кфор ) вечерва соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата на северот на Косово и ги повика сите страни да се ангажираат за обезбедување безбедност и слобода на движење.

„КФОР има способност и персонал да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници, во согласност со мандатот заснован на Резолуцијата 1244 на ОН од 1999 година. Ние го зголемуваме нашето присуство од октомври, вклучувајќи дополнителни војници и патроли во северно Косово оваа недела“, изјави Кфор на Твитер.

We are closely monitoring the situation in northern #Kosovo. @NATO_KFOR  has the capability & personnel to provide a safe and secure environment & freedom of movement for all communities under our #UN mandate UNSCR 1244 of 1999. pic.twitter.com/jalILscp65

— @NATO – KFOR (@NATO_KFOR) December 16, 2022

Кфор наведува дека очекува сите актери „тесно да соработуваат“ со таа мисија и „да се воздржат од провокативни демонстрации на сила, со цел да се обезбеди безбедноста на сите заедници“.

„Ги повикуваме сите страни да се вклучат во обезбедувањето на безбедноста и слободата на движење на Косово. Кфор ќе продолжи да го исполнува мандатот добиен од ОН за сите заедници во Косово. Решенија треба да се бараат преку дијалог“, рече Кфор.

Кфор претходно денеска соопшти дека го разгледува барањето на Владата на Србија за враќање на до 1.000 припадници на српската војска и полиција на Косово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK