Потврда за оваа информација дојде и од високиот функционер на ФИФА, Арсен Венгер.
Финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција ќе започне со едноминутно молчење за починатиот Синиша Михајловиќ.
Високиот функционер на ФИФА, Арсен Венгер , ја потврди оваа вест во предиграта на овој натпревар.
Да, ќе има едноминутно молчење. Таа вест ја добивме вчера, сите не шокираше, се врати како тренер, ова ни даде надеж, но не можеше да ја добие битката со ракот. Многу тажен момент за фудбалот – изјави Венгер.
Така, целиот „Лусаил“ ќе молчи 60 секунди пред топката да се тркала меѓу „гаучосите“ и „триколорите“. Тој натпревар се игра в недела од 16 часот.
Синиша Михајловиќ почина на 54-годишна возраст по долга борба со леукемија.
Погребот ќе биде во понеделник во Рим, а токму во Италија го постигна својот најголем успех во светот на фудбалот, но и во приватниот живот каде што формираше семејство.
Следете не, не има насекаде