Реал Мадрид ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, доживеа елиминација од Баерн Минхен. По поразот во првиот меч, во Мадрид 1:2, во драматичниот реванш, Реал падна во финишот, Баерн победи со 4:3 со головите постигнати во 89-та и 94-та минута.
Реал во Минхен, три пати водеше, минути го делеа од продолженија, но аматерскиот потег на Едуардо Камавинга,го смени текот на натпреарот. По неговото исклучување во 86-та минута, Баварците постигнаа два гола.
По натпреварот, во Минхен, првиот човек на Реал, Флоентино Перез бил бесен на фудбалерите, но и на Алваро Арбело, и веднаш се стрчал кон соблекувалната.
Наводно, Перез не го криел својот гнев кон играчите на Реал Мадрид по нивната елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Одредени шпански портали специјализирани за Реал Мадрид, исто така, ги објавија наводните зборови што Перез ги кажал во соблекувалната.
„Една година без титула во Реал Мадрид е неуспех, две се неподносливи. Го ценам вашиот труд на овој натпревар, но сезоната е тотално разочарување. Играњето за Реал Мадрид е привилегија со многу обврски. Многумина од вас не ги исполнија. Барем завршете ја лигата достоинствено“, наводно рекол Перез.
Foto/ EPA
The post Флорентино Перез: Многумина од вас нема да бидат овде следната сезона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
