Витаминот Ц е многу важна нутритивна состојка благодарение на која го стимулираме имунитетот и се штитиме од настинки и други заболувања.
Овој витамин помага полесно да апсорбираме железо и калциум, да се избориме со алергиите, а важен е и за да се одржи добриот вид.
Сепак, нашите тела имаат точно ограничен капацитет на искористување на овој витамин, било да се работи за неговата природна или пак, синтетичка варијанта.
Доколку земеме вишок на витамин Ц, нашиот организам истиот го исфрла непреработен, а во полош случај, доколку претераме со истиот, може и да си го нарушиме здравјето.
Потребната доза на витамин Ц е во просек по 2 грама (2000 милиграми) дневно и сѐ што е над таа количина најчесто се исфрла од организмот.
Проблеми се појавуваат ако се земе двојно поголема доза (или повеќе), што најчесто ни се случува инстинктивно при настинки. Во тој случај метаболизмот не може да постигне да го исфрли вишокот, па истиот се таложи во организмот.
Во случај да претераме со витаминот Ц, може да се појави хипервитаминоза, печење при мокрење, дијареја, подуеност, болки во стомак, поретко осип и мачнини.
Токму поради ова треба секогаш да се информирате во врска со лековите и додатоците во исхрана и никогаш да не земате поголема доза од препорачаната, за да ги избегнете евентуалните здравствени нарушувања.
Следете не, не има насекаде