ноември 21, 2024

Ако на интернет пребарувате приказни за вилите на поранешниот претседател на СФРЈ, ќе најдете многу информации. На фотографиите и видеата можете да видите бројни величествени градби лоцирани на најубавите локации низ некогашниот Југ. Станува збор за градби кои го одземаат здивот, елегантни резиденции изградени од најскапи материјали, а ентериерот е луксузен како оние во замоците на европските благородници.

 

Денес повеќето Титови вили се зачувани, отворени за туристи и претставуваат вистинско патување низ времето. Некои се руинирани, некои се во фаза на реставрација. И само една е најголемата тајна. Тоа е вилата „Билјана“ во Охрид.

Сместена на карпа со најубав поглед на Охридското Езеро, Вилата Билјана беше една од официјалните летни резиденции на Јосип Броз Тито. Достапни се многу малку информации за историјата на овој имот, како на пример кога е изграден, претпоставките се дека било во доцните 50-ти и почетокот на 60-тите, кој архитект го дизајнирал или точно колку време Тито поминал овде.

 

Она што е познато дека Тито поминал многу време во вилата за време на официјалната посета на Охридскиот регион во 1967 година, настан кој е детално документиран.

Куќата е изградена како детален израз на традиционалниот македонски народен архитектонски стил, од природен камен со бели гипсени ѕидови, црвени плочки и проекции на горното ниво.

Во постјугословенската ера вилата Билјана почнале да ја користат и македонските политичари. Денес, вилата е во сопственост на македонската влада и претседател, чии државници ја користат како своја лична летна вила, аисто така се користи и за гости на високи и дипломатски претставници. Бидејќи вилата служи за сместување на високи владини политичари, пристапот до јавноста е строго забранет и оваа вила се чува дење и ноќе.

Мештаните велат дека до приватната плажа, која има ситен песок, се стигнува од вилата со внатрешен лифт. И денес е една од најголемите атракции, но може да се види само со брод од езерото, скриено во богата шума.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK