На ден 18.03.2023 година, патрола на Шумската полиција од Охрид во содејство со шумочувари од Шумско стопанство Галичица Охрид, на м.в. Никутинец, атар на село Лешани, откри бесправна сеча на огревно дрво во количина од 10 прм.
Истиот ден, друга патрола на Шумската полиција од Охрид, во атар на село Велмеј откри бесправна сеча на 2прм. огревно дрво.
Бесправно посечената дрвна маса со потврди е одземена и записнички предадена на Шумското стопанство Галичица Охрид.
И за двата случаи Шумската полиција од Охрид ќе поднесе соодветни пријави.
The post Шумската полиција од Охрид откри бесправна сеча на огревно дрво во селата Лешани и Велмеј appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде