мај 12, 2026

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата „Партизански пат“ во Врање.
Како што пишуваат српските медиуми, во несреќата животот го загубило 25-годишно момче од Македонија.

Во автомобилот имало неколку лица, но само едно починало на лице место, потврдиле извори од истрагата.

Исто така, неофицијално се пишува дека лицата го згрешиле патот кон Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека го заборавиле мобилниот телефон во кафеаната во центарот на градот, каде што претходно престојувале и се вратиле назад, по што се случила несреќата.

Автомобилот од непозната причина излетал од патот и удрил во рабник. Истрагата е во тек.
Извор: Макфакс

The post Македонецот кој загина во сообраќајката кај Врање имал 25-години, со пријателите тргнале кон дома, па се враќале назад поради заборавен телефон appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK