ноември 22, 2024

„Одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот ‘Тврдина-Таргет’ е срам за судството, институција со најмала доверба во државата што е на добар пат да ги изгуби и тие 8%. Одлука што е горчлив пораз на жедта за правда на целата нација“, пишува екс-министерот и поранешен вицепремиер – Никола Димитров, на својот Фејсбук профил.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок?“, прашува Димитров.

Дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно – да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд. Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари, констатира Димитров.

„Оваа кал, драги политички партии, е резултат на клиентелизмот, поставување на ‘наши’ или ‘ваши’ судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги“, оцени екс-министерот.

Слично како екс-премиерот Зоран Заев, кој порача дека „ни членство во ЕУ нема да го испере овој срам“, Димитров порачува дека ниту ЕУ ни САД не можат да ни го решат проблемот со партизацијата.

„И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Сѐ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг“, заклучи Димитров, додавајќи:

„Знаете всушност што нам ни треба?
Антипартија!
За да се бори за политика во интерес на општото добро, на нашето заедничко. За Републиката – Res Publica.
За политика со судир на идеи и визии, а не на бизнис и партиски кланови“, додаде поранешниот вицепремиер за европски прашања.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK