Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Скопје Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во вторник ќе има зголемена облачност со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови, кога на места врнежите ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Следете не, не има насекаде