ноември 23, 2024

Најслабата алка во справуавњето со корупцијата ни е правосудсниот систем, очекувам исчекор од правосудството, а тоа го очекуваат и граѓаните, вели вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Грковска во одговор на новинарско прашање за коментар за пораките на високиот претствник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на ЕК Жосеп Борел и на еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји дека земјата треба да се фокусира на справувањето со корупцијата за напредок во евроинтеграциите, подвлекува дека во делот на нејзините ингеренции се креирање на политики за добро владеење во што спаѓа детектирање на слабости во системот и изнаоѓање начини како тие да се надминат, како и координација со останатите антикорупциски институции во смисла на зголемување на нивните капацитети и се она што е потребно за да ги зајакнат нивните активности за борба против корупцијата и организираниот криминал.

-Секоја институција во тој систем има своја улога и тоа сум го кажала многу пати, секој од нас треба да си ја врши најодговорно и најпрофесионално својата задача и обврска што ја има во општеството. За жал, најслабата карика ни е правосудниот систем и се надевам дека конечно сите пораки што ги добиваме и од меѓународниот фактор, меѓутоа и од сите граѓани во нашата држава ќе допрат до правосудниот систем и ќе видиме драстична промена во односот и во начинот на којшто се справува правосудниот систем со борбата против корупцијата и организираниот криминал. Затоа што тоа што граѓаните сакаат да го видат е да видат правда и дека секој е еднаков пред законот. Најголемата улога во оваа смисла ја има правосудството и очекувам сериозен исчекор во таа смисла, изјави Грковска која учествуваше на  меѓународниот научен и стручен симпозиум посветен на високото образование и дигиталната технологија на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Прашана во однос на судирот на интереси за фирмата на братот на вицепремиерот Артан Груби, која добила средства од Владата, таа истакна дека очекува ова прашање да го покрене и испита ДКСК, бидејќи тоа е, вели, во нивна надлежност.

За играњето фудбал во канцелариите на вицепремиерот Груби,  кое не беше добро прифатено од јавноста, вели тоа не е начин на кој треба да се однесуваат функционерите.

-Не сметам дека е тоа начин на којшто функционерите би требало да се однесуваат и сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите би требало да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, смета Грковска.

Што се однесува за случајот во Агенцијата за млади и спорт во врска со наодите од Државниот завод за ревизија вицепремиерката појасни дека наодите на ДЗР биле разгледани на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој и дека е во процедура .

-Јас им дадов обврска на Агенцијата во рок од две недели да даде детален извештај до Владата за сите наоди во ДЗР. Тоа беше направено, го разгледавме на Комисијата. Меѓутоа, со оглед на тоа што недостасуваа сериозни аргументи од страна на Агенцијата им дадовме време, направивме една работна група со членови од мојот Кабинет, од ДЗР и од Агенцијата да бидат на јасно што точно треба да достават на ДЗР, а врз основа на тоа ќе го покренеме прашањето официјално на Влада, рече вицепремиерката Грковска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK