ноември 21, 2024

– Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 7 часот и 42 минути по локално време ја погоди областа Бузау во Романија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 144 километри, на околу 68 километри источно од Брашов, односно на 137 километри североисточно од Букурешт.

Од почетокот на декември во Романија се случија 14 земјотреси со јачина од два до 4,1 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот земјотрес годинава во таа земја се случи на 3 ноември и беше со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, пренесе Аџерпрес. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK