Еден од најмоќните медиумски тајкуни, 92-годишниот Руперт Мердок се сврши со неговата 25-годишна девојка Ен Лесли Смит. Ова ќе биде негов петти брак откако претходно беше венчан и со моделот Џери Хол, претприемачката Венди Мердок, новинарката Ана Мердок Ман и стјуардесата Патриша Букер.
„Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам, но знаев дека ова ќе ми биде последна венчавка. Подобро да биде. Среќен сум“, рече Мардок за „Њујорк Пост“.
Мердок ја запроси со голем дијамантски прстен на денот на Свети Патрик во нивниот стан во Њујорк.
„И двајцата со нетрпение очекуваме да ја поминеме втората половина од животот заедно“, додаде тој.
Двајцата се запознаа во ноември минатата година, а фотографите летово ги уловија во близок однос на плажа. Ен-Лесли дипломирала на универзитетот во 1980 година пред да се омажи за кантри пејачот Честер Смит, кој исто така поседувал 13 телевизиски станици во Калифорнија и Орегон.
Денес работи како водителка на локалното радио и е посветена на религијата.
„Кога почнав да одам со Бога, работите на светот ми изгледаа бесмислени“, рече Ен-Лесли за американската христијанска радиодифузна мрежа. Венчавката треба да се случи летово.
The post 92 годишniot медиумски магнат Руперт Мердок се вери со 25 години помладата девојка appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде