мај 10, 2024

Многумина ќе се сетат како во основно училиште учеле дека пролетта, летото и зимата доаѓаат на 21-ви секој месец. Сепак, во последните две децении пролетта календарски ни доаѓа на 20 март.

Ќе се запрашате зошто пролетта во последните години доаѓа порано, а не како порано?
Експертите открија дека пролетта доаѓа ден порано веќе 20 години, поради два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња: метеоролошки и астрономски.

Метеоролозите го набљудуваат падот и порастот на температурата и состојбата на атмосферата, а метеоролошката сезона е координирана според календарот и секоја сезона трае три месеци. Со тој метод пролетта трае од 1 март до 31 мај.
Вториот метод се базира на астрономските годишни времиња, а се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според тоа кога оската на ротација на Земјата е на 23,5 степени во однос на нејзината орбита околу Сонцето, па така во последните години пролетта ни доаѓа на 20 март.

Годинава првиот ден од пролетта астрономски започнува денеска, 20 март, точно во 22 часот и 24 минути.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK