Компанијата Синами го лансираше својот нов производ PPM Core, модерна cloud софтверска платформа за колаборативно управување со проекти и проектни портфолија.
Новиот производ на Синами ги поврзува податоците и сите учесници во проектот на начин кој овозможува ефикасна комуникација и соработка помеѓу тимови, компании и проекти, a неговата цел е да одговори на предизвиците наметнати од денешната нова реалност на управување со проекти.
„Заедно со нашите клиенти и партнери успеавме да ги детектираме предизвиците со кои тие се соочени во нивното секојдневно работење и увидовме дека ефикасната соработка и комуникација помеѓу учесниците во проектот е еден од најголемите фактори кои влијаат за негово успешно реализирање“, изјави Игор Димковски, генерален менаџер на Синами.
Што претставува PPM Core?
Со промената на технологијата и начинот на работење, сведоци сме и на промени кои имаат свое влијание врз малите, средни, но и големите и комплексни проекти и начинот на кој се водат капиталните инвестиции. Сè почесто, повеќе компании, како и различни тимови од истата или неколку различни компании се вклучени во еден проект, а различните учесници сè повеќе своите работни обврски ги извршуваат од своите домови и надвор од работното место.
Како резултат на ова, информациите се пренесуваат на многу различни начини, како помеѓу членови од ист тим или помеѓу слични по активности тимови (хоризонтална дистрибуција на информацијата) така и помеѓу различни хиерархиски нивоа (вертикална дистрибуција на информацијата), а воедно огромен број на различни софтверски решенија се користат од страна на учесниците што дополнително ја отежнува комуникацијата.
PPM Core платформата го поедноставува овој процес, обезбедувајќи бројни придобивки за проектно-ориентираните компании, како што се:
• Лесно достапни податоци за проектот што ефикасно може да се употребат за носење одлуки
• Проектни податоци достапни според припадноста во хиерархиската матрица на проектот
• Унифициран и едноставен приказ на проектниот распоред за различните учесници во проектот, компатибилен со водечките софтверски решенија за проектно планирање, и за кој не се потребни дополнителни софтверски лиценци;
• Воведување на транспарентна меѓу-организациска и меѓу-тимска комуникација и соработка;
• Централизиран систем за управување со проектни портфолија
Синами – партнер од доверба со 20-годишно искуство
Софтверските производи на Синами веќе 20 години успешно ја подобруваат комуникацијата кај голем дел од најпознатите компании во светот и им помагаат поефикасно да ги реализираат нивните проекти.
Овие решенија придонесуваат за забрзување на процесот на дигитална трансформација и подигнување на квалитетот на нивната работа. Доказ за успешноста и нивниот квалитет е фактот што производите на компанијата ги користат над 6 милиони корисници во над 172 земји во светот.
ПР Текст
The post Синами го претстави PPM Core – платформа за колаборативно управување со проекти и проектни портфолија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде