ноември 21, 2024

Македонските фудбалери ги претставија трите гарнитури на нови дресови со кои ќе настапат на следните натпревари. Германскиот производител на спортска опрема „Јако“ кој традиционално ги облекува изработи три дресови, кои се во традиционалната црвена, бела и црна боја.

Со нив позираа Елмас, Алиоски, Барди, Ристовски и Трајковски, На средината на дресот ги има краците од македонското сонце, па на навивачите одма ги бендисаа, особено црниот дрес и им порачаа дека ќе газат во следните натпревари со нив.

За потсетување, фудбалерите претходно играа во борда, бело-жолта и портокалова комбинација, а напред беше исцртан ликот на балканскиот рис, па навивачите не им се допаднаа и побараа да ги вратат старите.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

The post Македонските фудбалери ќе играат во нови дресови appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK