ноември 22, 2024

Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, вчера на граѓанската трибина организирана по повод шест месеци од формирањето на здружението и една година од реалниот граѓански концепт во НУЦК „Трајко Прокопиев“ истакна дека сега корупцијата во последните четири години цвета двојно повеќе за разлика од порано.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Секојдневно ги слушаме странските амбасади, особено оние најважните, амбасадите наши од државите членки и стратешки партнери како САД. Дојде новата амбасадорка, претходно во Македонија мека и медина мислиш дека е, и одеднаш рече три збора Македонија е дувло на корупција, дувло на организиран криминал, дувло на злоупотреба од страна на сите во власта. И се смени плочата кај власта, и сите седат засрамено и велат да така е амбасадорке. Па, зарем требаше да дојде амбасадор на странска држава и да ни го каже тоа? Па дали има поголем срам од тоа седи премиерот, седат министрите, вицепремиерите, сите се гледаат изненадено од страна и си велат „да има корупција“, абе луѓе жената ви вели корупцијата е во вас, во владата, во вашите редови, заминете си, одете си, да дојдат нови, одговорни луѓе. Направете истраги и сите не знаете колку министерства имате. Формиравте еден преседан комисија на влада за борба против корупција, а корупција во државата цвета последни 4 години, ако претходно цветаше сега цвета на квадрат. И никој со прст не мрднува. Па проблемите на Македонија за членство во ЕУ не ѝ се проблемите со соседството, пречката е корупцијата и злоупотребата на функциите, затоа што најпрофитабилниот бизнис во државата стана политичарот“, потенцираше Димитриевски.

Димитриевски посочи дека секој ден има најави за наводни бомби, а не можат два месеци надлежните институции да откријат кој тоа всушност лажно пријавува.

„Дури се изнанадив што и вечерва не пријавија лажна бомба, а всушност им се случи реална граѓанска бомба и еве сте тука“, рече Димитриевски.

Во своето обраќање, тој изјави дека Куманово не само што е географски во Европа, во Куманово живеат европејци, но европејци коишто живеат во вистинска смисла на зборот на Европа.

„Во духот на Шуман и Моне, на взаемното почитување и вреднување, на вреднување на помалата заедница. Во мојата канцеларија има 11 знамиња на 11 етнички заедници од ова мултиетничко и мултикултурно Куманово. И Куманово е Европа во мало. Нема да дозволам никој да чепка по идентитетот и јазикот. Нема да дозволам никој да чепка во историјата, затоа што ние имаме наша, сопствена историја, а не заедничка како што некои сакаат да кажат. За таа наша историја се бореа нашите предци и ја креираа, е премногу свежа за да некој денеска си дозволи се дрзне да ја менува. Затоа не ни се потребни никакви француски предлози, за да ни објаснуваат како тоа се влегува во Европа. Ќе влеземе како и сите досегашни европски нации, со крената глава, со взаемно почитување и вреднување. А тоа господо што срамно го изгласавте во Парламентот еден ден ќе дојдеме, ќе седнеме на маса и ќе го коригираме, бидејќи од другата страна, од соседна Бугарија постојат луѓе и граѓани коишто нас не нарекуваат Македонци, кои не почитуваат и вреднуваат, луѓе со кои секојдневно разговараме и соработуваме. Но, недозволиво е нивната политичка елита, гледајќи ја слабоста и купливоста на нашата, да ни доаѓаат во сред држава и во сред Скопје да ни велат дека Бугарија била од Црно море до Охрид, дека бугарските војски го ослободиле Куманово. Епа бог да го прости Трајко Бузо тука па да им каже кој го ослободил Куманово“, истакна Димитриевски и додаде дека во здружението ќе бидат креирани нови полиитики, кадешто историјата ќе се почитува, ќе се учи од неа.

Димитриевски рече дека ќе се креира една нова позитивна историја за сите нас, а особено за младите генерации.

„Гледаме како од ден на ден заминуваат младите, заминуваат генерации и генерации, а видете не се сите од ниските социјални слоеви. Заминуваат млади брачни парови и цели семејства затоа што не сакаат да живеат во несредена држава, затоа што не сакаат да се едуцираат од ревидирани, контролирани и однапред дефинирани книги. Затоа што не сакаат да живеат во општини и градови кадешто гледаат како градоначалникот е опструиран од страна на државните служби, а како државните служби не се во функција на граѓанинот“, додаде Димитриевски.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK