Кога ќе се спомне здрав десерт луѓето веднаш помислуваат на нешто што не е ни блиску до нормалните благи. Меѓутоа, здравите благи и тоа како можат да бидат вкусни, а доказ за тоа е овој вкусен рецепт.
Потребни состојки:
260 гр јаткасти плодови (по ваш избор)
150 гр урми
65 гр путер од кикиритки
1 лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка сол
55 гр темно чоколадо
½ лажица кокосово масло
Вкусен десерт за половина час
Подготовка:
Подмачкајте помало тавче и ставете хартија за печење. Во блендер ставете ги јаткастите плодови, урмите, путерот од кикиритки, екстрактот од ванила и сето тоа изблендирајте го. Доколку смесата е премногу сува додајте ѝ малку вода, лажица по лажица, и повторно блендирајте. Смесата сипајте ја во тавата и израмнете ја одозгора, па ставете ја во фрижидер на едно 20 минути.
Во меѓувреме растопете го чоколадото, измешајте го со кокосовото масло и прелијте го одозгора, па вратето во фрижидер за чоколадниот прелив да се стврдне.
Исечете на штангли и послужете.