декември 4, 2024

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанец држел наркотична дрога марихуана и психотропна супстанца метамфетамин.

Најголемиот дел од дрогата ја криел во барабанот на мешалка за бетон поставена пред влезната врата во подрумските простории на куќата. Во неколку наврати дрогата неовластено им ја продавал на зависници од Виница.
РадиоКочани

The post Уапсен Кочански дилер – Дрогата ја криел во мешалка за бетон… appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK