мај 12, 2026

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје.

-Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест,  ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период, потенцираат од МВР.

Оттаму нагласуваат дека лицето кое ја пласирало таа лага, ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него.

-Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги. Исто така, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции, велат од МВР. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK