ноември 24, 2024

Французите дојдоа на Мундијалот значително ослабени и осакатени од повредите, а сега имаат нови кадровски проблеми. Рафаел Варан, Ибрахима Конате и Кингсли Коман се под знак прашалник за финалето против Аргентина, кои имаат проблем со грипот и не тренираат во изминатите неколку дена. Тоа е голем проблем за тренерот Дидие Дешамп и одбраната на неговиот тим. Тоа не е крај на неговите маки, бидејќи повредени се и стрелецот на голот против Мароко, Тео Ернандез, како и одличниот играч за врска на Реал Мадрид, Орељан Чуамени.

Претходните денови, Дајо Упамекано и Адриен Рабиот не тренираа поради последиците од грипот, но ќе бидат подготвени за пресметките со играчите од средниот ред на Аргентина. Дешам од првиот ден не можеше да смета на Пол Погба, Нгол Канте и Преснел Кимпембе. Проблемите постојано доаѓаа а фудбалерот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, се повреди, но најтешкиот удар дојде сега.

Пред самото Светско првенство стана јасно дека „триколорите“ нема да можат да сметаат на најдобриот светски играч Карим Бензема. Тоа беше голем шок и удар за тимот предводен од Дешам, но веќе во првото коло од групната фаза остана без Лукас Ернандез. Тој заработи незгодна повреда на самиот старт на мечот против Австралија, а веднаш се виде дека и за него првенството е завршено.

Одбраната на Франција ќе изгледа многу изменета, на левата бековска позиција немаат алтернатива за браќата Ернандез од кои потенцијално ќе игра само Тео. Варан и Конате се главни стопери, но Кунде од својата природна позиција беше принуден да оди на десно крило како алтернативно решение. Останува да видиме дали Дешам е подготвен да се ,коцка” со Салиба и Дисаси во крајна линија и како сето тоа ќе испадне на крајот.

Франција ќе се обиде да ја одбрани титулата светски првак в недела од 16 часот на стадионот Лусали и да стане само третата селекција, по Италија и Бразил, на која тоа му успеало. Наспроти него ќе биде Аргентина предводена од Лео Меси, кому му недостига единствениот трофеј во неговата богата ризница, па ќе даде се од себе на најдобар можен начин да се прости од репрезентацијата – со титулата светски првак!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK