– Ирскиот премиер Мајкл Мартин денеска поднесе оставка и на негово место ќе дојде Лео Варадкар.
Варадкар ќе биде потврден за премиер по вторпат во кариерата на специјална седница на ирскиот парламент подоцна во текот на денот.
Лидерот на либералната партија Фајн Гаел ќе го замени демохристијанинот Мартин, лидер на партијата „Фиана Фаил“, согласно коалицискиот договор од 2020 година.
Мартин ја поднесе својата оставка до ирскиот претседател Мајкл Д. Хигинс во неговата резиденција во Даблин.
Фиана Фаил и Фајн Гаел се договорија по изборите во 2020 година дека ќе ја делат власта со Зелената Партија.
Фиана Фаил освои 38 места, поединечно најмногу од која било партија.
Шин Фејн, социјалистичката републиканска партија, која освои 37 пратенички места, ги обвинува двете главни ривалски партии за заговор против неа за да ја соборат од власт и континуирано ја критикува владата како главна опозициска партија.
Следете не, не има насекаде