Со оглед дека спласнаа нападите кон пратениците кои не беа присутни на седницата за ставање на дневен ред точката за предлог законот за амнестија и двајцата левичари кои само преку постови глумат десничари ја префрлија целата вина врз ВМРО и многу членови и симпатизери на ВМРО паднаа одма на нивната замка. Овој пост не е за да бранам или оправдувам некого туку само за да ви кажам како го гледам јас тоа гласање од моја гледна точка, пишува на Фејсбук, Вилијам Михајловски еден од осудените за настаните на 27 април.
Вели дека кога напишал дека се уште има јуди во партиските редови, мислел за некои помали коалициони партии со ВМРО.
Јас бев против да се поднесува закон за амнестија бидејќи еднаш побарав и бев одбиен, а беше амнестиран човек кој самиот призна пред судот дека носел оружје на тој 27 април, но детето к**иле беше амнестирано бидејќи кажа онака како што му беше напишано од страна на Вилма Рускоска шефот на организираниот криминал за да си го оправда измисленото монтирано обвинение. Виновниците во врска со амнестијата не ги барајте во ВМРО ДПМНЕ, оваа хајка беше осмислена игра на Левица и се реваншираа за претходната ситуација која излезе во јавност кога двајцата левичари направија кворум за отварање на седница (не ми текнува која беше точката на таа седница).
Затоа луѓе не паѓајте на вакви финти осмислени од шарени п**ери, само штетите на партијата која се бори за нас, ништо повеќе. Доколку имате критики критикувајте ги во штабовите вашите претставници, а преку постови џабе пишувате, тоа не допира така како што мислите. Бидете мажи и кажете им во очи и ќе видите каков одговор ќе добиете.
Не можам да ве разберам дали очекувате од оние што не’ осудија да не амнестираат? Видовме 2018 година како ги амнестираа половината обвинети, беа амнестирани за Крсто, Сашо, Љубен за возврат да гласаат и го сменија името.
Па, би сакал да ве прашам дали сте за да не амнестираат за возврат да ги вметнат Бугарите во Уставот? Мојот одговор е: Не фала, не ми треба таква амнестија што ќе биде на штета на мојот македонски народ. Не сакам многу да должам само ќе повторам дека „Од левичар никогаш не може да биде десничар“, а за да се фрли дамка на ВМРО ова беше смислено од СДС, ДУИ и Левица, стои во објавата на Вили.
The post Вили: Не сакам амнестија ако за возврат ги вметнат Бугарите во Уставот appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде