ноември 23, 2024

Хрватската рок група „Парни ваљак“ има нов пејач. Групата на официјалната фејсбук страница објавија дека Игор Дрвенкар ќе биде новиот пејач во групата, по смртта на фронтменот на групата Аки Ракимовски.

“Моја глава, мои правила, со Игор Дрвенкар. Четврток, 23- ти март во 12:00 часот. Премиера на нашата нова песна на радио станиците низ регионот и видео на нашиот канал на Јутјуб”, објавија од групата на Фејсбук.

Тие потврдија дека отсега ќе настапуваат со 31-годишниот пејач Игор Дрвенкар, кој на хрватската јавност веќе ѝ е познат преку шоуто „А Страна“.

Игор пеел во различни бендови, а се пробал и во неколку мјузикли, меѓу кои „Исус Христос Суперстар“ и „Убавицата и ѕверот“. Претходно имало гласини дека Игор ќе биде новиот фронтмен на бендот, но бендот дури сега ги потврди гласините.

Аки Рахимовски почина лани во јануари на 66-годишна возраст.

Првата постава на „Парни ваљак“ ја сочинуваа: Аки Рахимовски-вокал, пијано, Хусеин Хасанефендиќ Хус-соло гитара, акустична гитара, вокал, Среќко Антониоли-тапани, Златко Микшиќ – Фума-бас гитара и Јурица Паѓен-соло гитара , акустична гитара.

Во својата 30-годишна кариера, „Парни ваљак“ објави 16 студиски албуми, 14 синглови, 5 албуми во живо, 4 компилации и 2 концертни ДВД.

The post Игор Дрвенкар е новиот пејач на „Парни ваљак“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK